Среда, 08 Јуни 2016    Печати
Пехар за воинот на зборот и мислата

Изгревот на воинот на зборот
Ѕвездите го најавија
твоето раѓање.
Небото со виолетови огнови
огреа над Постол- Пела,
која сонуваа за минатото,
а се ракуваше со иднината.
Егеј бисерно заплиска.
Птиците се одгласија
од длабоката бездна
со сребрен глас.
Се ронеше,
се губеше темнината
од страдните македонски предели.
Tи, несопирлив воину,
на мислата и зборот.
се појави горостасно,
сред огнови и громотевици,
Се појави со ѕвезда на челото
над македонското небо.
Нa бисерните води над Егеј,
Одблесна кристално милозвучен,
волшебен збор.
И ја огреа душата македонска.
Дојде, на повикот од прогонетите и очајните,
дојде на болниот лелек на ранетата родина.
Се појави со златесто-огнена,
разиграна светлост.
Како мелем за ранет јунак,
како извор за прежедни усни.
Дојде со пролетен здив,
На планински виор,
Со цветна, опојна,
Мисла заветна.
Прозборе, во името на
илјадници со душата
и срцето на срцевината
народна.
И раскрили со искра бескрајна,
СВЕТОВНА.

vlatko-lozanovski-180
ВАНГЕЛКО ЛОЗАНОВСКИ