Среда, 15 Јуни 2016    Печати
Македонија

Македонско сонце душава ми ја грее
додека славеј во гора песна пее.
Татковино !  Земјо македонска
најмил извор во срцето што ми блеска.

Под овој небесен  свод
свиен  е нашиот македонски род.

Твојот сончев зрак татковино
насекаде мојот чекор го прати
за повторно секогаш назад,
кај тебе да ме врати!

Татковино! Ти си изворот вруток
на нашите корени.
Ти си најнежна лулка
на нашите соништа.

Во тебе Македонијо
сигурно чекорам низ животот.
Ти си чуварот на мојот сон
Ти си радоста на мојот ден.

lila-arsova
Лила Арсова

Велес