Среда, 18 Јануари 2017    Печати
Земјо Македонијо

Само едно сонце кротко е
наше е !
Само тука под него
гром на родољуб молчи !
Со трпение !
А трпението љубов значи !
Само едно око милно е
топло е !
Само тука мајка гори
дење- ноќе по синот !
Со нетрпение !
Само едно небо чисто е !
Наше е !
Никому грев не сторило !
Само тука
искушенијата траат !
Пред векот покорно !
Со исчек на заслуги !
Само една земја вечна е !
Со помнења најстари
од почеток на светот !
Само тука се е свето !

radojka-trajanova
РАДОЈКА ТРАЈАНОВА