Саво Костадиноски
Од Пелистер, па до Пирин,и од Вруток до Егеј бел,три цвеќенца - еден букет,еден народ сплотен цел.
Македонијо, земјо мила!
За храбрите деца твоисекој човек песни пее.Знамето на Гоце, Јане,над тебе гордо се вее.
Македонијо, земјо храбра!
Од памтивек, земјо лична,име твое љубов буди,едно срце во три цвета -полно љубов нам ни нуди!
Македонијо, име вечно!