Среда, 01 Ноември 2017    Печати
Јунак

По стапалките на татко ми, јас јунак одам
и се молам на угрејсонце мое Македонско
да ја стопли мојата жална Македонија
да донесе радост и мир во Вардарско, Пиринско и Егејско
да ја осветли родната грутка прадедовска
Охридска, Солунска,Татковинска

О мајко моја зошто сите ми те крадат
и од утроба срце ти вадат
проклети да се алчните души бесни
што газат над твоите пазуви чесни
оф леле кои мисли нив ги мачат
што без солзи за Македонија плачат

Те сакам Македонијо роб твој ќе бидам
Се борам против душман бесен
о колку е овде просторов тесен
срце ме стега каде и да одам
Македонци само вас ќе ве следам

Кога ќе умрам аманет ви оставам
во Пела да ме закопате
Македонско сонце да ми свети
нека слушнат душмани клети
дека јас сум Македонец славен
и со Александар Македонски равен.

lencee
Ленче Клекачоска