Среда, 03 Јануари 2018    Печати
ОД СРЦАТА НА КОМИТИТЕ

Саво Костадиноски

komiti

Од срцата на комитите
изгрева татковинска љубов,
топла како и сонцето,
во летен ден убав.

Од срцата на комитите
извираат песни како река,
преполни со желби и надежи
и смела храброст од века.

Од срцата на комитите
се раѓаат идеи и дела:
за иднината на народот,
и за слободата светла, бела.