|
||
Обединети |
Да сме Обединети! Со таква идеја, светило и зарек, браќа не се делат Достојни за дострел во еден глас велат: “со иста сме мисла-смели сме со неа”! Со восхит победните песни ќе се пеат Со сончево знаме и осветлени чела Вековните мечти да вивнат во дела Благодет да блеска, плодови да зреат. Во свето единство и стари и млади Со љубов и завет иднина се гради- Од една сме грутка стара и делена. За мајка родина во библијата велена Збратимени завек, зајакнати во слога На пат непреминат со поздрав од бога! Марк Шоболев Ливониа, САД |