Среда, 06 Јуни 2018    Печати
Земјо Македонска

Очи на душмани ти им измами
а не ги ослепи, знаат дека туѓа си
а толку убава си
кога тебе те гледаат мерак на
душата срце им заигра почнаа
одма за тебе да сонуваат како
од небо да се сибнат како земјо
моја Македонска да ми те украдаат
долго време од нив патиме но никако
не можиме да сватиме зошто сакаат
име наше да ни сменаат зошто нас
да не немат
зарем ние не сме луѓе
зарем ние право немаме
и ние како другите во
своја земја таткова слободно
да живееме
и сега кога од домови не избрка
и далеку живеме во слободна
Австралија нема да се плашиме
име наше свето да си браниме
од никого не го крадиме тоа ние е
коренот тоа ни е стеблото кое
пушта гранки млади фиданки
наши идни поколенија аманет
од дедовци што носат се што
не е Македонско нема да
жалаат кои се против нашето
име и земја да косат
кога вас душмани ќе
ве снема тогаш зумбули
ќе цветаат над нашите села
песна ќе ечи на секаде да се
слуша Македонија ќе остане цела
солзи чисти од радост лееме знаме
Македонско си вееме кога на ниви
Македонски жолто златно жито си
жнееме и за тебе Македонијо пееме
срце ми се смее кога гледам
како од мака душман пука не
сака песна Македонска да слуша
да седи тука, ако  нешто лошо гркне
одма тука нека цркне
земја Македонска уште многу години
 Илинден ќе слави кога има такви луди глави.

lence-klecakoska
Ленче Клекачкоска