Среда, 28 Февруари 2024    Печати
ИМЕТО Е СВЕТО И НАШЕ

20191201 140539Македонци,
Кој има право да не прекрстува
И зошто дозволуваме,
Некој да не понижува
Да ни го одзема правото
Да се викаме Македонци,
И земјата исконска да се вика Македонија
Да ни го негира постоењето
Македонскиот јазик, историја
националните белези наши?
Некому не одговара вистината
Па силно напаѓа како со силен оштар меч
И мава, сака да ги пресече нашите корени
Да ги остави поколенијата без име
Без јазик, без историја, а ние ?
Замолчивме, се навикнавме да “ни е сеедно”
Да замижуваме пред одлуки важни
Да одиме со наведени глави
Да не нарекува секој како сака...
Ќе се предадеме ли
Ќе оставиме ли
Судбината друг да ни ја крои
Ќе се потпишеме ли за промена на име
Затоа што некому му текнало така
И не вовлече во оваа мака
Како доволно да не беа
Низ годините, вековите страдни.
И пак не се научивме,
туку паѓаме од грешка во уште една
Па уште една и уште поголема бездна
Од каде враќање нема.
И не ќе можеме после да окривуваме никој друг
освен себе.
Ние ќе бидеме предавници на претците наши
Ние ќе го продадеме вековното име
Ќе се збогуваме со историјата,
На која толку многу се потпиравме
Да се издвоиме и препознаваме како Македонци
Само како Македонци, не друго.
Но наместо тоа,
Ајде да се збогуваме со неправдите
Да се откажеме од безумието
Кое ќе не остави како народ без душа
Да се исправиме веќе еднаш
гордо и единствени,
Светот да ја разбере нашата порака.
Македонија е една и вечна!
Оставете не веќе еднаш
Оставете не да бидеме она што сме.
Да не оставаме тешкотии
нерешени историски проблеми
тоа се железни пранги
и ќе ги оковаат нашите идни генерации
не смееме да оставаме таков товар
доста беше.
Свесно и достоинствено
да се соочиме и најхрабро
во духот на нашите минати херои
борци, во духот на Александар
кој војски водеше и светот го создаваше
свет во кој треба да живееме
како она што сме - МАКЕДОНЦИ
Да не дозволиме уништување на создаденото
да испишеме нова историја
во која народот е ХЕРОЈ,

победник во судбоносен момент

на донесување историска одлука

ослободител од надвиснатото зло
единствен управувач на својата судбина
Македонци живеат на оваа земја
Друго име оваа татковина нема и не треба да има.
Едно име имаме, во душата го носиме
Да го сочуваме!

Автор: Гордана Димовска

(Напишана во очи на Референдумот за менување на македонското име 2018)