Панде Манојлов
БОЛЕШТИНА
Кој бунар ли да исчисти, длабок бунар македонски, кој вода бистра од бунар да извади од бунар полн омрази?
Ќе секне тој, Татковино моја, ах, ќе секне, а никој да се сети што потоа?
Кој камен да стави, камен ќошлија во ѕидот што паѓа, ѕидот на куќата таткова, ѕидот на куќата дедова?
Се некако паѓа катаден се урива темелот на Татковината, а никој да ја наѕре болештината! |