Среда, 06 Септември 2023    Печати
Деца на борбата

1mkz1

Во нашите раце железо се топи
во градите срце челично бие
од одот земјата се стресува
како да сме ветар или бура ние.  

А токму на широките плоштади
не чека таа со својот шум
впивајќи љубов во нашите гради
и нова верба во нашиот ум.

Нека не прегрнат копнежите големи
стапуваме со младешки жар
наместо со свеќи, со пушки бојни
окитен ќе биде нашиот олтар.

Во нашите раце железо се топи
во градите срце челично бие
со пушки, со рала и со раце голи
ќе ја урнеме бедата ние.

Детето на борбата            
Поет, револуционер, идеалист, Македонец.