Среда, 22 Мај 2019    Печати
ТИЕ СМЕ

pande manojlovПанде Манојлов

ТИЕ СМЕ

Се стори, се виде!
Ќе речете :
Така требало да биде!

Сѐ иста некоја тема
и ваква и таква,
но, само да не нема!

Измислија - ерга омнес!
Како Македонија
да е од земја, стомне!

Стомне со свирче,
раздадено за душа
полно водичка од вирче!

Е, не ќе сме тоа!
Та не сме малку
и не сме троа!

Македонци сме си!
Такви какви Бог не дал,
но не друг да не меси!