Среда, 19 Јуни 2019    Печати
ПЕСНА ЗА ЛАЗОР ВОЈВОДА

hqdefault

https://youtu.be/6Npc-MkbRhY?t=14

Бог да го бие Лазор Војвода

Што ми нарами тенкана пушка.

Што ми запаша острана сабја,

Па ми отиде во Вранештица.

Па ми пособра вранештичани,

Вранештичани све добри луѓе.

Ој, ој ви вие вранештичани,

Утре ќе ојме за Мечкин Камен.

Бог да го бие Герасимо,

Што му одговори на Лазора:

Ој, ој ти тебе Лазор Војвода

Вчера сум дошло дури од Влашко.

Вчера сум дошло дури од Влашко

Со мојта мајка и мојта жена

Со мојта мајка и мојта жена

Со мојте деца, деца малечки

Утре го чекам денот Петковден

Кој ќе ми чека милите гости

Што се налути Лазор Војвода

Па ми откачи Нагант револвер

Ој, ој ти тебе море Герасим

Стануј на нозе, нозе јуначки

Тогај ми стана море Герасим

И ми нарами тенкана пушка

Па ми киниса Латоска бука

Сланечко село долу Пуста Река

Таму загинаја за слободата

За слободата на жална Македонија.

Стара народна песна испеана за војводата Лазор Груески, родум од село Белица. Снимката е направена во селото Пуста Река (крушевско), во 1988 година од страна на неговиот внук, Дејан Маркоски.

Кога селаните дознале кој е човекот кој сака да го посети гробот на војводата му направиле топол пречек испејувајќи му ја оваа песна која ја зачувале од своите предци во спомен на Лазор војвода, човекот кој ги чувал од репресиите.

Ова е една од оние песни кои речиси сигурно би паднале во заборав ако не се забележани на ваква снимка.