Среда, 26 Јуни 2019    Печати
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

SavoСаво Костадиновски

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Твојот поход е упатен

во недоодица по вечноста

затоа зад тебе

не згаснува и нашето сонце

кое нè храбри

и небесни пораки ни праќа

додека сè уште чекориме

по патот до самобитноста.

Името ти живее

со времето што памети

Друга лика сонцето нема

неговата светлина одамна е задлабена

во надежта за нашата иднина

небото на нашата свест не спие

иако нечија историја

фереџе ставила

за да не ја огрее

нашето македонско сонце

со твојот славен лик пред светот.