Среда, 07 Август 2019    Печати
ОБРАЌАЊЕ КОН ЕВРОПА

512

Васил Маневски

ОБРАЌАЊЕ КОН ЕВРОПА 

Ој, Европо, ти блуднице стара,
Невозможното ти од нас го бараш!

Каква вина Македонците сторија,
За да се откажат од својата историја?

Лицемерно некаква безбедност ни нудиш
Покрај старите и нови сомнежи ни будиш.

Се залагаш за мир, нудиш гаранција, 
Едно вели Германија, а друго Франција.

Ни одземаш државност, име, нација!
Каква е таа дива, а нежна окупација?

Чудна е новата европска цивилизација,
А уште почудна Соросовата демократија.

Кај што стигнаа гром и град смлатија,
Се што допреа и фатија се осакатија.

Не уценуваш да менуваме устав, химна, знаме…
Чесните ги кудиш, лажговци тапкаш по раме.

Државата наша ја претвараш во колонија, 
Понижуваш јазик и народ на Македонија.

Го сакаме нашето, не холандско цвеќе
Претеравте, ај доста е, доста беше веќе.