Среда, 14 Август 2019    Печати
ПОВТОРНО ПРЕДАДЕН

makimage4pw5На Гоце Делчев

Мајко!

Заев и Димитров ме предадоа

Пендаровски ми пукаше во грбот

Се договорија

и фатија во орото со ѓаволот

главата ми ја ставија во тегла

испратија за лицитација во Брисел

коските ги расфрлија

кучињата да ги глодаат покрај Вардар

забранија на мојот гроб да се молат

за спасение на мојата душа

за да се заборави на мојот аманет

и сонот на Илинденци

Се договорија

да завладеат со душата на Македонија

ја поганија истечената крв

ни го отсекоа јазикот

ги пеплосаа Пирин, Егеј, Вардар и Преспа

од империја направија нова провинција

иднината ни ја здиплија во небиднина

Мајко!

Заев и Димитров ме предадоа

Пендаровски ми пукаше во грбот...

Душан Ристевски-Македон

(Сиднеј, 2 Август 2019)