Среда, 28 Август 2019    Печати
НА ТАТКОВИНАТА

Ivan TrposkiИван ТРПОСКИ

НА ТАТКОВИНАТА

100 години Илинден

Таа земја што подава раце

и шепоти милно во мојот стих

беше ко ѕверка

постана џуџе

а утре

утре и в дамнина кој знае што

Таа земја в песна што зрачи

и тажна се внурнува во мојот дух

беше прва

постана задна

а утре

утре и в дамнина кој знае што

Таа земја вморник што гори

и бунтува вечно во мојата крв

имаше народ

постана празна

а утре

утре и в дамнина кој знае што

Таа земја в пекол што тони

и огнен завет срце ми пали

да застанам напред

а по мене сите

а утре

утре и в дамнина ќе знаеме што