Среда, 11 Септември 2019    Печати
Слобода за Македонија

Violeta Petkovska 1

Слобода за Македонија

Виолета Петковска

Додека душмански
со клешта од месово
ми кинете, не ми давате
ниту да плачам.
На крвавите болни
рани сол
ми истурате и не ме
оставате тоа да го
запомнам.

Од утробава плодот
ми го гризате за
да не се
роди и да знае која
мајка го родила, од
од чиј татко коренот
ќе го пренесува на
своите чеда, утре.

Со ладна кама во градиве
душмански ми копате
за да речам оти сум
камен без корен, оти
јас не плачам на
гробовите на бабите и
на прабабите, на кои од
градите крв им течела.

Едно дете раѓале,
а друго
дете закопувале,
убиени
крвнички оти не ја
давале мајка мила на
клетите душмани да
ја поробат.

При очи слепа ме
правите за да не пишувам
колку ме болат раниве,
додека катаден олова
тешки на раменициве
нижам!

И од тага можам и
да умрам, затоа што
ми ги крадете утрата
сини и белите хоризонти
во далечина, додека во
пурпурот на сонцето
нов ден се раѓа, посакувам
слобода за Македонија!