Среда, 06 Ноември 2019    Печати
САВО КОСТАДИНОВСКИ - ПЕСНИТЕ ЗА ГОЦЕ

SavoСАВО КОСТАДИНОВСКИ

ПЕСНИТЕ ЗА ГОЦЕ

Ако има некој војвода

за кого се пее до часот доцен,

тогаш,од сите војводи,

меѓу првите е Гоце.

Ако има некој војвода,

чие име се изговара кроце

и со невиден почит-

тогаш тоа е Гоце.

Песните за Гоце топло

ликот му го сликаат,

и со топли чувства-

како извори бликаат...