Среда, 23 Август 2023    Печати
Беломорска тага

Црнила рани во росата свежа
се влечат по маглите Грчки..
Беломорска тага
проклета сага

птицата млада не може
да лети...
Тешко е мајко
живот да се бара

Тешко е да се
прелета стара..
Маглата не гони
пискотници не колнат

Олово во крила
тага во душата
цел живот мака за тебе
Македонијо наша

Зарем во таа зора рана
тешко беше Македонец да си
Зарем во таа роса солзите
наши се скрија..

По светот не има
но не таму каде
тоа утро
душата се скина

Благослов мајко
прадедовски стар
во душата стои
еве сме на портите твои

Сонцето ја тера зората
росата очи ни топи
Маглата се крена
Солзите ги снема

Давор Крстевски