Среда, 25 Март 2020    Печати
Зборот дијаспора е домороден збор

SavoСАВО КОСТАДИНОВСКИ

ПОЕТИТЕ СЕ НЕПОКОР ВО ЗБОРОТ

(На литературното друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј

 Келн, 10.03.2020 г.)

Зборот дијаспора е домороден збор                                     

на нашиот мајчин јазик

тоа што и времето го потврдува

штом нашиот македонски збор

многу одамна се слуша

по сите меридијани на светот

всушност

нашите зборови се зборови

со полнокрвна љубов кон татковината

и чиста вистина на поетската вечност

вечност жедна за непокор

затоа што

скапоцени ни се корените

на биднината на нашата земја

од каде што потекнуваме

затоа не смееме да си дозволиме

ниедна сила да не одслободи

од нашата должност

да не дозволиме

ниедна вечност да не нѐ одмине

оти

поетски оган имаат поетите од дијаспората

за сите да разберат

дека и сонцето со зраците

безгрешно нѐ љуби.