Среда, 13 Јануари 2021    Печати
САВО КОСТАДИНОВСКИ: СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

1Savo САВО КОСТАДИНОВСКИ

Секоја буква е огледало

на Вашиот кириличен сон -

сон

кој заветно сме го изодувале

и го изодуваме

и по средината на историјата

па

колку таа

и да имала

изместени времиња

наспротив вистината

на нашето писмо.

Затоа

низ времето со време

не Ви се потроши ниту славата

ниту името

штом секој Македонец

гласно ќе проглаголи

со гласот на кирилицата.

Всушност

Вашите идеи

се престорени во стварност

и како ѕвездени патеки

врват

по атласот на словенската писменост.