Среда, 27 Јануари 2021    Печати
Ирена Стевановска : БЕЗ МАКЕДОНИЈА

Irena Stevanovska 1

Ирена Стевановска : БЕЗ МАКЕДОНИЈА

Што е Александар Македонски

Без Македонија,

Само талкач на апокалипсата на своето време.

 

Што се Карев, Делчев,Сандански,

И сите неспомнати херои

Што се тие без Македонија,

Само учители на нема историја.

 

Што се сите поети чии песни

Издивнуваат стихови за Македонија,

Сал прашина која ги штипе

Очите на продадената душа.

 

Што сме ние и што ќе бидеме без неа

Кога портите нејзини ќе ни ги затворат

Кога нејзината светлина ќе ни ја забранат

Како Кутлешот што ни го бранат,

Што ќе сме ние без Македонија

Освен бездомници во светската историја.

1Irena Stevanovska 2