Среда, 03 Февруари 2021    Печати
Розита Христовска : Една е вистината, жива е Македонија

1roziota

Розита Христовска 

СВЕТА ГРУТКА

Сте се спириле за нас,

сте се закачиле

ко чички низ угари

и трње низ ограѓе,

па сте се ујдисале

полакомени душмани,

од сè што е македонско

корен да не оставите.

Сте наумиле без усул

што е наше да е ваше,

а од Бога е дадено

вечно наше да остане

свето и благословено.

Ако калеш Анѓа

пет века не ја потурчиле,

нека не ве лаже умот

дека ќе нè натерате

силум да се погрчиме

или Бугари да се сториме.

Кога една нота од песните

пробувате да ја смените,

згрмува тапан

и писнува гајда,

ечи на Пирин Планина

а Белото Море се бранува,

тажно блее бело стадо

по ридјето на Голо Брдо.

Учени тешкото да го играме,

ние сме овде,

и ние сме сегде,

по светот расеани

ранети и обесправени

но живи и необезличени.