Среда, 10 Февруари 2021    Печати
Каролина Ристеска - Гоце Делчев Македонски

ролина Ристеска - Гоце Делчев Македонски1235

Се роди дете машко

во Кукуш во Македонија.

Мајка и татко тој остави

и замина во Бугарија.

Стана Делчев даскал

и силен војвода

и ВМРО му беше идејата

за Слободна Македонија.

Но, не беше спремна четата

и не беа сите заедно

им требаше малку време,

а времето ги газеше.

Баница, тој загина

од клети предавници.

Гоце јунак македонски

срца расплака и црнина

распосла врз Македонија.

Остана денес аманет

за Гоце да се бориме

оти за нас, тој се бореше

за нашата слобода,

животот го даде.

Гоце Делчев Македонски

војвода над војводите,

јунак над јунаците,

остана за навек

вечен идеал

за нас  Македонците.

1Karolina

Каролина Ристеска-Торонто, Канада