Среда, 17 Март 2021    Печати
Васил МАНЕВСКИ: Македонските состојби

105607163 Васил МАНЕВСКИ

АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Тие постојано рикаат, викаат,

Други се дежурни виновници.

Во администрацијата напикаа,

Илјадници партиски војници.

По цел ден празна слама млати,

Паразитската чиновничка толпа.

Секој ден бараат повисоки плати,

Народот обесправен трпи и голта.