Среда, 24 Март 2021    Печати
Саво Костадиноски : ЗАВЕТ

1Savo Саво Костадиноски

(На Серафим Илиевски од Битола на љубителот на поезијата)

 

Гордо расти роде македонски

стамено оди на цврста нога,

македонствувај во името на Македонија

насекаде пред светот и пред Бога.

 

Застанете храбро на браникот на непокорот

надалеку кажете ја вистината,

дека сте бранители, вредни и верни

вечни поколенија на иднината.

 

Смелоста и љубовта нека ве здружи

чувајте ја сложно татковината,

само така се чува и брани

нашиот идентитет и биднината