Среда, 21 Април 2021    Печати
САВО КОСТАДИНОВСКИ : ПОЕТИТЕ ОД ВЕЛЕС

1Savo САВО КОСТАДИНОВСКИ

Родословот,

на Велешките поети

е стамено дрво

со широко разгранети гранки

кое сѐ повеќе се разгранува и расте

кон небото на македонската поезија

по кое што изгреа сонцето

на Белите Мугри на Кочо Рацин

кои со патоказ се

врз тоа дрво

секој поет да накалеми

дарба на иден поет

 

Аманет е тоа,

од градот Велес

со небесно видување

вечно да разгранува

со предаденост

спрема татковината

 

Традиција

дека ќе  раѓаат зрели плодови

штом со жилави корени

длабоко се вкоренети

во почвата на македонската книжевност.