Среда, 08 Декември 2021    Печати
САВО КОСТАДИНОВСКИ : КИРИЛ И МЕТОДИЈ

1Savo 

САВО КОСТАДИНОВСКИ : КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Од мудроста ваша разгоре

огништето на писменоста,

на иднината ѝ отвори пат

и дојде до вредноста.

 

Во чест на вашата слава

ви се поклонуваме,

во името на кирилицата

со гордост македонствуваме.

 

Тоа нас сите нѐ задолжува

нашето писмо да го браниме,

со душата на зборот

да живееме, да се храниме.

 

САВО КОСТАДИНОВСКИ