Среда, 26 Јануари 2022    Печати
СВЕТАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА

1Savo САВО КОСТАДИНОВСКИ

Прошетај по светата библиска земја.

Цркви ќе видиш во град и село.

Гордо извишени кон синото небо,

кон сонцето сјајно, бело.

Прошетај по светата библиска земја.

Ќе видиш манастири бројни,

украсени со вредни икони и фрески.

Скапоцени убавини на делата сјајни.

Прошетај по светата библиска земја.

Ќе го почувствуваш христијанството свето;

така е насекаде, по цела Македонија,

како такви нас нè познава светот.