Среда, 09 Март 2022    Печати
Саво Костадиновски : ПОРТРЕТ НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

1Savo 

Саво Костадиновски

 -По повод доделувањето на најпрестижната

 Награда за животно достигнување во дијаспората,

 За 2022 година, Келн,14.01.2022 година-

Најдолгата историја на животот на човекот 

е во животот на неговиот пишан збор

Така преку зборот

одамна

на македонското книжевно небо

ја открив силната ѕвезда

на Славе Николовски-Катин

од чија светлина изгреваат вредните му дела

со осведочени вистини

за македонскиот непокор

Постојано

и сегде присутен

кадарен и иселениците да ги разбере

на кои татковината им е светилник

на нивните копнежи и носталгии

Впрочем тие

и сонцето на туѓината го разбираат

кога тоа со себе разговор води

штом неговата топлина не се поима

со топлината на родните огништа

Животниот век на Катин

нема растојанија

меѓу времето сегашно и времето идно

зошто со неговите безвременски дела

полни со будни знаци

по примерот на Рацин

и со една негова капка крв на чист Македонец

библија би напишал

за оваа старозаветна земја

која секој Македонец во срце ја носи

каде било да е во светот.