Среда, 25 Мај 2022    Печати
Васил МАНЕВСКИ : КОН 144 ГОДИШНИНАТА ОД РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ ПРЕД ВОСТАНИЕТО

105607

(На Цоне Спасев - Ингилизо)

Од Разловци пред да се крене востанието,

Цоне Спасето бил пратен на мисија во Англија.

Така на Калаѓерѓево одлучило Собранието,

Родоначалник е на македонската дипломатија.

(Овој катрен е од мојата стихозбирка ЛИРСКА РАЗГЛЕДНИЦА - ЛОНДОНСКИ КАТРЕНИ, што треба наскоро да излезе од печат како двојазично македонско и англиско издание)

ПОСЛЕДНАТА ПРОПОВЕД НА ПОП СТОЈАН

Калаѓерѓево е рој од оси

По Обозна змии пиштат и се ронат

Ако немате пушки земете коси

Кога ќе чуете камбаните да ѕвонат.

Додека над Голак виси ѕвезден рој

И шумата почива в зеленило и сјај

Ние браќа ќе тргнеме во бој

Нека крвав биде овој мај.

За да можат внуците да пеат

И нашите, нивни да си бидат ниви

Та со срце да орат и сеат.

Да живеат, Бар кога се живи!

Да не трпат робство и не веднат глава

А овој делник, празник да го слават.

РАЗЛОВЕЧКА РАПСОДИЈА 1876

В црна мантија, поп со црвен барјак

Пред сурија боси нозе и гладни усти

На Калаѓерѓево проповед држи.

Во Разловци Камбаните ѕвонат

Од Обозна кориите враќаат ек

Мажи пцујат, жени колнат.

Облачно небо грми кобно

Лакоми јазици црвени и црни

Плитарите ги голтаат злобно.

Во Разловци горат амбари и куќи

Од под праговите разлокани

трескаат бомбите -  солунки.

Горат и запалените рабуши

Со долговите наши и таткови

Со долговите дедови и прадедови.

Еден поп без мантија

Наместо иконата Исусова

Пушката берданка ја целива.

За крвавите потоцо благосолов бара

Бара првда и слобода мила

Над родните предели, над Македонија.

 (Сонетов и тростишјево се од мојата стихозбирка ЗАД ТВОЈОТ СОН, чие прво издание е објавено1980 година,а второ (проширено) издание доживеа по 40 години.

Со овие стихови го давам мојот скромен придонес во годинашново одбележување на 20 мај - Денот на               Разловечкото востание, чија 144 година ја прославуваме во вонредни околности поради пандемијата од Корона вирусот.(Авторот)