Среда, 07 Јуни 2023    Печати
САВО КОСТАДИНОВСКИ:МАКЕДОНСКИТЕ ЦРКВИ

1Savo САВО КОСТАДИНОВСКИ

МАКЕДОНСКИТЕ ЦРКВИ

Во оваа древна библиска земја

со восхит и почит секој слуша

за светата мајка црква -

мевлем за сечија душа.

Поткрепа за благочестиот народ.

Црквата му е како десна рака,

и како свет патоказ кон Бога

е израз на љубов од срце што сака.

Да ги спомнеме: „Света Богородица“,

„Света Петка“ и црквата „Свети Спас“.

И „Свети Никола“ и „Света Софија“...

Црквите се вечен македонски глас.

А како верници, со благочестив дух,

вака секогаш ќе си велиме:

од нашите мајки - православни цркви,

никогаш не се делиме!