Среда, 04 Октомври 2023    Печати
Македонијо земјо измачена

1vmro 3

Македонијо, земјо измачена,

Македонијо, земјо поробена,
твојта младост апсани ја јадат
твојта снага тирани ја сушат.


Зашто да си вечно измачена,
зашто да си вечно поробена,
зар ти немаш право на слобода
и човечки живот во природа?


Слушај, слушај, младеж македонска,
имам право на вечна слобода,
и човечки живот ќе живеам
и високо бунтовно ќе пеам.

Дора Ангелова