|
||||
ЖЕНО ВИНОЖИТО |
Мајко, жено, ти си легенда стара Ти си река што тече, никогаш не стивнува, Ти си приказна од памтивек За љубовта твоја нема лек. Мајко, жено, ти си столб на домот Ти си кралица на тронот, Насмевката ти дијамантски сјај Очите ти сончева топлина во мај.
Мајко, жено ти си светлина во денот тмурен Ти си патоказ во живот бурен, Гласот ти песна нежна Допирот мек ко снегулка снежна.
Мајко, жено, ти си лавица, тигрица Чувар си на твоето стадо, Ти си тишина што срце смирува Ти си ветер што нежно милува.
Мајко, жено, ти си кормило на љубовта Нота во песна, ти си душа доблесна, Темане ти правам на твојата моќ Мајко, жено ти си виножито в темна ноќ.
Автор: Оливера Јовановска |