|
О, трајте, трајте, тирани ниедни! Доста се тија лаги и злоба - пакосен глас од устите гадни над мојот народ у секоја доба.
Та ете веќе векови цели писка и стенка од волци гости - за брата вијат кој да го дели за да му глода сувите коски.
Па нека сега сам да си реши со своја волја судба и сева, в животот еднаш сам да се теши, д'издигне славно свој род без врева.
Та Шар и Пирин дружно да викнат родната песна в небеса темни и бурниот Егеј - на век да плиска тешкиот глас на новите химни.
Коле Неделковски |