Среда, 14 Август 2024    Печати
За Македонија

pece-1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Господе!!!

Дај Ми Сила,
Понизно Те Молам.
До Највисокото Тепе Да Стигнам,
На Мојата Земја Мила
Силно Да Се Протегнам,
Моќ Исконска Да Приберам,
Бескрајна...Незамислива...

И Гордо, Бессрамно Гордо.
Со Татнежот На Громот,
Да Провикнам,
Ја Љубам Господе!!!

Сиот Свет Да Дознае,
Само и Само Неа Господе!!!
Мојата Земја Најмила!
Мојата Majka Македонија!

Најмудрата Македонија!

Само Неа,Ја Љубам!
До Бескрајот и Понатаму,
Само Неа, Мојата Мајка Најмила!
Мојата Македонија!
Европската, Светска Маченица.

Пеце Цветкоски