Среда, 17 Август 2011    Печати
Време на ветрови
Илија Крбалески

Крепка ѕвездо на
вечните патишта
Смогни ја твојата
сеземна сила
Од сите согорени
времиња
Направи химна од
гордиот плач
На тагозвучната
ни песна .

Ветру вжештен
Студена стихијо
Толку светост
згасна в молк
Најкрик
песна-најжар жетва
Пелин поле-оган небо
Dесет
Илинденски ноќи
Во црешовиот сон.

Каде е Апостоле
Нашето мудро поле
Да ни цути
благозаветниот ни оган.

Стемнет здив на
суви ветрови
Студен
бакнеж-жешка коба
Скудна
голтка-жешко пладне.

О Време!

Отвори го
ковчегот заветен
Ослободи ги
моштите несмирени
Растерај скрби и
прокоби
Светлината дно да
најде
Кога ветриштата
ќе стивнат.