Вторник, 23 Август 2011    Печати
Моето име

Автор: Смиљана Максимоска

 

Еј, пријателу мој
не викај ме така!
Зарем го заборави моето име?
И ти мој татко
не прави ми така
зошто јас тоа име не го сакам.
На моите чеда им го кажав моето име
та тие не сакаат сега
поново крштевка да ми прават,
нити кум нов да ми стават.
И ти дедо знаеш како се викам
знаеш дека со тоа име
од радост бликам
сите ме знаат како таква
и не можам Јас да бидам поинаква.
А Ти мајко мила
не тагувај за моето име
што од срце си ми го подарила.
Ти ветувам
дека никогаш нема од него
да се одрекувам.