Среда, 31 Август 2011    Печати
Божидар Докурчев
Лулела е мајка
прво - свое чедо,
тихо го лулела,
солзи си ронела,
таги си тажила,
песна мy пејала:
„Ти не знаеш, сине,
прво мое чедо,
на нива родено,
три дни недоено -
во Македонија
нема слободија,
младежта гнилее
во темни зандани.
Кога татко ти го,
сине, обесија,
на мене ми рече:
- Ленко, сина да ми чуваш,
да ми го лулееш
да ми гo порастеш,
пушка да мy купиш.
Ленко, пушка да мy купиш,
јунак да ми биде,
јуначки да умре
за Македонија."