Среда, 04 Јануари 2012    Печати
По битолцки Кoледица Меледица

По битолцки Кoледица Меледица

По битолцки Кoледица Меледица,
и по неа Василица, и по неа дава, дава,
еднаш ни сте во година како цвеќе во градина.
Збирајте се дечиња, стред село на грејачка,
огон да си палиме, за да се изгреиме,
оти после ќе одиме, Коледа да викаме,
костење да збираме, за Бадник да јадиме,
Божик да го чекаме, и прасе да јадиме.

Олеле, деде, паднало греде

Олеле, деде, паднало греде,
отепало дете, дедо се влечи,
баба го плачи, и си го теши:
Молчи ми старче, кусо магарче,
подај ми праче, да не ти к`лвнат,
твоите гурелки. Подај ми камче,
да удрам петле; да не ти к`лвни,
твоите мрсулки.

од Кузман Шапкарев