Недела, 18 Октомври 2009    Печати
Македонска Одисеја
Во темни зандани
длабоко во подрумот
на историјата
во вековните расправии и предавства
млада мома
прекрасна преубава измачена седи.
Очите и се езерата Охридско и Преспанско
градите Шара и Пелистер
Грлото бисер Охридски
усните црвени
Тиквешијата цела
а ставата убава ко
Радика Бела.
Подмолни врескања на накрвавените
измачители, крвопијци гадни
го корнат времето
закачено да виси на
синџирите душмански.
Името името кажи ни го
проклетнице?
Име ми е Македонија...
Удар безмилосен
полн со омраза гневна...
Македонија велиш а?
Да Името ми е Македонија...
Тогаш презимето кажи ни го?
Христијанска
Уште еден удар крвта прсна на сите
страни топејќи ги зидовите на историјата.
Видиш крв а видиш ли?
Гледам крв, а во секоја капка непокор.
Каков непокор за каков непокор ти Македонијо зброуваш.
За оној што ве уништува секогаш кога на мене
ќе помислите, за оној што се пренаса од татко на син,
од мајка на ќерка,
за оној што искри во очите на мајките
и децата на загинатите кај Вејце
на оној што тлее во душите на секој Македонец како гордост од бога дадена,
за оној сокриен во последните
зборви на борците наши..
Удиранје тапо, сокриено, кукавичко...
Нова крв удира по зидовите на историјата ...
А таму крвта испишала, непокор.
Сега непокорот каде ти е а?
Погледнете ги зидовите, погледнете ја историјата
па дури и овдека во овој мрачен подрум
каде и времето го измачувате,
секаде кај е Македонска крв
непокор пишува....
Добро а ти татко имаш,а, или си копиле ..
Имам татко, татко ми е Сонцето Македонско
које секое утро ме осветлува
давајќи надеж и сила за уште
многу векови пред мене...
А мајка каде е мајка ти..
Мајка ми е месечина мила
која секоја вечер храброст и сила
на Македонците дава..
Врисок удиранје ....
Кај ти се сега Македонците а?
Таму кај што секогаш и биле.
Кај се сега да те спасат.
Македонијо Христијанска.
Тука се насекаде по целиот свет
чекаат, зарем не може да ги препознаете??
Удиранје тапо по беспомошното тело..
Кого не може да препознаеме што има
да се препознава...
Ќе ги препознаете
во очите им е слободата
во вените непокорот
а на усните
заклетва Александрова..
Во срцето
во срцето им е Македонија
а во душата верба во бога ..
Така ќе ги препознаете, а јас, јас
имам
Име
Македонија
Презиме
Христијанска
ако сакате да знаете
кога сум родена
Прочитајте ја библијата
таму ќе видите ....

Давор Крстевски