Среда, 18 Јули 2012    Печати
Враќање на загубеното Егејче

egejska

Посветена на Децата бегалци

Некаде в светов,
в непозната земја,
каде жица бодликава
граница ’и сплете,
таму пред празна
напуштена куќа –
тропаше дете.

Татко, мајко,
брате, сестро!
Отворете ми стара
дрвена врата.
Синот ви дојде
пречекајте  брата!

Тропаше со денови,
викаше со ноќи
на дрвената врата,
во празна куќа.
Но немаше никој
да покаже глава
и да слушне викој.

Заплака дете,
пролеа солзи,
пред напуштен праг
од куќата стара.
Се запраша в мисли
за своите мили:
Каде се тие
и кај да ги барам!?

Иван ТРПОСКИ