|

Вчера cипојдов, наминав низ таја гора зелена, под тија буки високи, по килим сенки широки. Одев со глава замаен, наведнат, мртов, зачмаен; одев со грутка на срце и кара камен на гради. Дејгиди горо зелена! Дејгиди водо студена! Пилците пеат - ти плачеш, солнцето грее - ти темнеш. Ако ги криеш коските на дели млади јунаци тука што лежат по тебе во тија темни дубрави - зошто ги таиш песните Зошто по тебе дрвјата и на дрвјата гранките и награнките лисјата шумолат скришно таговно? 2. Таму горе на небото зора руди, земја буди, ден морави шири крила и алова точи свила, таму зора црвенее - мое срце ми црнее. Ископајте длабок бунар, извадете ладна вода, натопете лути рани да негорат, данеболат. Зоро златно и румено! Зоро слатка посестримо! Ти изгреваш надалекy - дали еднаш ќе изгрееш силно, силно, дури милно над долови и над гори, над полиња и над реки, над мојата татковина? 3. Два брега - двата стрмнини. А од брег на брег танок мост. Под мостот вода морава - тече и мие ранава. Тече од векот вековит и нова и се понова, тече, а тука маките се стари и се постари. Тече и влече со себе сичко што стои пред неа, а на брегови животот чмае утро скот зараснат! Течи сиво до студена! Течи си - рони брегови! Течи - и нам низ срцето нели и крвта ни тече? 4. Скотски е, скотски живот аргатски у темно заѕидан, до скот сме си скопо притиснати на овој свет убав. Кој ви ги скрши белите крилца, крилца на галаби бели? Кој ни замати извор и бистри, извори на души чисти ? И кој раздвои, и кој раздвои човек од човек со ѕид ? И кој паправи, и кој направи човек на човека роб! Та човек од човек да страда и тегне и бега
од лулка до гроб! 5. Ти да знаеш, паметуваш и ем да си наум имаш - работник си - и работник ти ќе паѓаш и се дигаш. Луњи ли ќе пусти дојдат, солнце ли ќе јасно грејне патиштата, патиштата пред тебе се на борбата. Како смртта вечна што е, така борба долго трае. Но од смртта е посилна по патиштата борбата! 6. Исцедете, ограбете пот и труд и меса голи, уста пуста затворете, да не каже оти боли. Очи црни искoпајте да гледајат не давајте, раци машки прекршете, срце лудо наранете. Угаснете и светлини! Мрак да биде - каракамен. Има, има - втемнината нешто живо пак да свети: има болка на душата, има души на ранети. Болка боли - болк агори, болка пече, душа мори. А болката кога свети - тешко, тешко, тешко клети!
Кочо Рацин
|