Среда, 24 Октомври 2012    Печати
Песни од Галичник - Песни за смеење (смешни)

Мори жабо, меко меше

Мори жабо, меко меше,
ак те фата, ќа те шчипна!
Коре раку, тврдо коре,
ако скокна ќа те мокна.

Посакал ми ракот

Посакал ми ракот,
жабината ќерка.
Му говорит раку,
жабината ќерка:
- Даљ те не знам, раку,
да која си стока;
напред назад лазиш,
во дупка си флазиш!
Наљути се ракот,
напрчи мустаќот,
напрчи мустаќот,
накриви калпакот:
- Даљ те не знам, жабо,
да која си стока:
кога жабо кркаш,
гушата напинаш,
гушата напинаш,
очите ’и пулиш.

Посејала Mара до три проса

Посејала Мара, до три проса,
расте, просо, расте испорасте;
расте, испорасте глувцу до колена,
глувцу до колена, жаби до рамена.
Ток се чудит Мара, како да го берет.
Пособрала Мара од три села момци,
од три села момци, од три села моми.
Ток се чудит Мара, со шчо да ’и гостит,
да заколет Мара, мува јаловица,
страф је беше, Мара, да не им не фтасат!
Пак си закла Мара б’лва шчировица,
си нагости, Мара, од три села момци,
од три села момци, од три села моми.

Петел свадба чинит

Петел свадба чинит,
чудо за чудење,
чудо де големо!
Врапци - побратими,
патки потковани,
петли потседлани,
гуски зауздани.
Чудо за чудење,
да големо чудо!

Зедоф жена работна

Зедоф жена работна,
мошне куќа метеше,
настрет куќа бунишче,
на бунишче кантарки (печурки).
От си набра кантарки,
меси зелник кантарник.
От го крена на глава,
да го носи на нива.
Кркна жаба в зелникот,
сите ми ја дочује,
сите рекоје: - Чудо је!
Попот рече: Чума је!
Сите фатија ридишча,
попот фати долишча.
Сите дојдоје трети ден,
попот дојде петти ден,
сите дојдоје со круши,
попот дојде без уши.

Де ѓиди моме седмаќинче

(За присмевање на старица)
- Де ѓиди, моме, моме седмаќинче,
да кога си било от седом години,
зашчо ти је чело, чело збрчкавено?
- Де ѓиди лудо, де ѓиди младо!
Ја фчера сум јало кисели јаб’лки,
за те ми је чело, чело збрчкавено.
Зашчо ти се коси, коси побелени?
- Ја фчера сум било долу ф воденици,
за те ми се коси, коси побелени.
- Зашчо ти се плеќи, плеќи згрбавени?
- Ја фчера сум било пенушќи вежало,
за те ми се плеќи, плеќи згрбавени.
- Зашчо ти се зоби, зоби попаѓани?
- Ха фчера сум јала од влна јадина
за те ми се зоби, зоби попаѓани.

Море лудо бре будала

Море лудо, бре будала!
Шчо не си се оженило,
кога беше ефтинија?
Пара и пол ведро вино,
по три пари ракијата,
десет пари товар жито.

О зададе се темен облак

О, зададе се темен облак, Велија море!
О, зададе се темен облак, душманину море!
О, не ми било темен облак, Велија море,
о, не ми било темен облак, душманину море!
О, ток ми било ќор Метлија со метли,
о, ќа се бијет со прилепци,
о, со прилeпци тутунџији.
О, ќа се бијет со кичевци,
о, со кичевци бостанџији.
О, ќа се бијет с гостиварци,
о, с гостиварци, с тиквари.
О, ќа се бијет со тетовци,
о, ќа се бијет со гушавци.

Од записите на Панајот  Ѓиноски.

Подготви: Марко Китевски