Среда, 08 Септември 2021    Печати
Чешмата за заљубените девојки и невести

vodarki

Везеа со срмен и златен конец
Длабоко во ѕвездените ноќи,
На месечина, кандило и ламба.
Везеа со љубов и занес.

Везеа руба за себе, за своето љубено момче
Со љубов, бескрајна неизмерна
Бистра како бистрите 
Бисерни белички извори.

Везеа дарови за татко, мајка брат и сетра
Очите им блескаа со сончевина 
Везеа дарови со денови, месеци 
и години за свадба за мајка и свекрва, 
за татко и свекор за мили девери.

Се будеа со песната на петлите
Со првите сончеви зраци
Крај огледало 
Со занес и милина чешлаа 
долги и бујни коси
Со раце ги мреса
Со цветови ги китеа.

Да бидат поубави и посјајни
и од сјајот на Сонцето 
Порумени и од руменото јаболко.

Која да биде прва на селската чешма 
За девојките кои лееја вода
Во дулиња и бардиња,
Тука полетуваа момчињата
По своите мили и сакани
Љубовна опојна магија
Носеше бистрата вода
За заљубените.

Која прва ќе му подаде барде
На непознатиот убав
делија да се освежи 
Со ладната вода.

А тој да ја грабне како самовила
На белиот коњ

Се китеа и гиздеа со сребрен
и позлатен накит, 
со везби и изведби
Која да биде поубава,
меѓу најубавите.

А сите беа убави

Посакуваше секоја 
да биде помудра
Која да биде повесела.

Која да биде нагиздена 
Која ќе понесе најубав цвет
Која ќе има најдолга 
Исплетена плетенка.

Која во зорите да биде попрва 
крај чешмата, која да налее
бистра вода која ќе ги опои 
огрее момчињата со својот 
Магичен поглед
Која, да надмудри,

Секоја за себе беше и огледало 
и сонце и магија.

Автор: ВанѓелкоЛозаноски

 

На мајка ми Бевцена, на сестра ми Илинка и сите жени од Белица.
Во чест на возобновената селска чешма во Белица Кичевска
Крај чешмата, под црквата, Свети ЃОРЃИЈА-недалеку од сред селото.