Среда, 28 Јули 2021    Печати
Песна испеана за заедничкото делување на Кичевските војводи

nake-janev
Четата на војводата Наќе Јанев - Лавчанчето

Кичевскиот терен до крајот на 1902, и почетокот на 1903, имал голем недостиг на оружје и муниција. Затоа војводите настојувале да соберат колку што може повеќе средства од народот за купување оружје и муниција. Така, Крсте Алексов, војвода Наќе Јанев, Пејчин Томоски и многу други дале голем придонес во спасувањето на Македонија.

 

peso-pasa
Четата на кичевскиот војвода Пешо Паша

За нив е испеана следната песна:

Кичевјани, море, московјани,
дал видовте, море, кој помина,
кој помина, море, кој заминаа,
комитите, море, од Дебарско,
руси Наќе море, од Лавчани,
калеш Пејчин, аго море, од Галичник;
Рудо јагне, аго море, вечераа,
и пред зори, аго море, заминаа.
заминаа, аго море, за Сливово,
ќе креваат, аго море, востание,
востание, аго море, македонско.