Среда, 14 Април 2021    Печати
Кочо Рацин : Татунчо

1090987На Бана

Не ме клни, не ме жали!
Не ми нижи низа клетви!
Камен тежок живот ми е
а по тежок одзив пусти
по народни думи свети!

Ако куќа не направиф
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце  –  порта највисока,
срце  –  куќа најширока.

Ако жена не донесоф
ѓул-трендафил во одаја
верна, добра млада љуба  –
не ме клни, не ме жали:
во борбата другарката
слнце сјае, слнце трепти!

Ако млади си години
по друмишта, по патишта
в младост горка распосејаф  –
погледни ми право в очи:
ти ли беше што пееше
„Ајдутин мајка не рани...“

И ако не умрам дома
туку кај што стии пиштат
в борба искри кај што лштат  –
блазе, речи на душата  –
има зошто душа да е!

Коста Кочо Солев Рацин