Недела, 26 Февруари 2023    Печати
Прочка

procka2Што ти згрешив братче мое
Да се лутиш ти си младо        
Јас те прашав да гo вратиш
Од нивата нашето стадо.

Слуша братче и си молчи
Ништо не и збори,
Таа,чоклетце му подаде
Фала сестро и прозбори.

Опрости ми сестриче мое 
Толку време што се лутев
Мислев нешто да не згрешам
И за тоа јас си ќутев.

На еден начин или на друг
Младите, братче, грешат
Само на убав начин
Проблемот да го решат.

(Гроздан Јовановски, Њукастел)