|

Со гипка совест се завршени сите пазари Другарите стари – не си подадоа рака, Другарите вчерашни – денеска се непријатели И со злобоното ропство ни ја продлабочуваат маката. Под гнетот на ужасите нашата родна земја Целата гори во пламениот пожар И животот во неа стана тежок кошмар Само да умираме слобода ни дадоа. Во борбата нерамна ни се истоштени сите сили Ако нема очај, надеж за помош нема Но жив ние завештаниот од претците завет Па макар и со него близок да ни е гробот. Последниот свој пат ние се` до крај ќе го изминеме Нас нема да не излаже вештачкиот мир на насилниците Само во Македонија ќе ја најдеме ние татковината, Само во Македонија единствена, неразделена...
Всеслав Волјевски, март 1914 |